fbpx

Фито гел за нозе – Славитон,125 мл

833,00 ден

Нозете ви се уморни, отечени и на крајот на долгиот работен ден имате чувство дека чевлите ви се стесниле за неколку броеви? Чувствувајте леснотија,чекорете храбро и самоуверено со Славитон гелот за нозе!

Споделете го продуктот

Опис

Нозете ви се уморни, отечени и на крајот на долгиот работен ден имате чувство дека чевлите ви се стесниле за неколку броеви? Чувствувајте леснотија,чекорете храбро и самоуверено со Славитон гелот за нозе!

Ако често ви се наметнува потребата во секојдневниот живот да носите високи потпетици или работата ви е поврзана главно со седење на едно место, тогаш “Славитон гелот” е задолжителен елемент за вашата козметичка чантичка.

Проширените вени се еден од најчестите проблеми со циркулацијата, што се одразува главно кај дамите, но често се забележува и кај мажите. Проблемот е предизвикан најчесто од неправилна циркулација, што доведува до видливо и болно чувство.

Веќе со првата апликација, “Славитон” станува првиот верен помошник на вашите нозе. Го ублажува заморот, ги отстранува болката и непријатното чувство од проширени вени, а испакнатините и крвавите делови стануваат само лош спомен.

“Славитон” продира длабоко во кожата, ја подобрува циркулацијата и ги зајакнува ѕидовите на крвните садови.
Фито гелот  интензивно ја хидрира кожата по првата апликација. Секој ден чувствувате тонирање, релаксирачка и неспоредлива леснотија.

Активни состојки:
Екстрактот од див костен ги зајакнува ѕидовите на капиларите и крвните садови, го подобрува протокот на крв, помага за олеснување на замор во нозете и ја зголемува еластичноста на вените.

Екстрактот од хмељ е моќен биостимулант кој има смирувачко и антисептично дејство. Го подобрува водениот и масниот метаболизам на клетките, се враќа еластичноста и изгледот на здравата кожа.

Екстрактот од рузмарин е богат извор на антиоксиданси и антиинфламаторни соединенија кои ја подобруваат циркулацијата и ја бришат болката.

Екстрактот од кантарион го намалува воспалението, крвните садови и капилари стануваат отпорни и здрави.

Екстрактот од дива камилица ја засилува регенерацијата на ткивата и делува антисептично.

Екстрактот од мајчина душица е одличен лек за олеснување на болката. Освен тоа содржи неколку видови антиоксиданси – флавоноиди, терпинен, бета каротен, кои го прочистуваат телото од слободните радикали.

Екстрактот од лисјата на хамамелис им помага на крвните садови да се стеснуваат. Хамамелисот е и антиоксиданс кој спречува губење на влага во кожата и го забавува стареењето.

Екстрактот од црвени алги го засилува производството на колаген, помага за олеснување на отоците и ја зголемува еластичноста на ѕидовите на крвните садови.
Начин на употреба

Мала количина на гел се нанесува на кожата на нозете наутро и навечер. Се нанесува со масажни кружни движена додека да се апсорбира целосно. Препорачаниот третман за оптимален резултат е 8 недели.