fbpx

Средство за миење садови на основа од сапунест орев

1.074,00 ден

Производителите на хемиски средства нудат различни детергенти за миење садови со различен ефект и арома. Садови измиени со синтетички препарати го менуваат вкусот на храната и имаат агресивен ефект врз нашето тело, но како што сме навикнати, речиси и не го забележуваме тоа.

Категорија:
Споделете го продуктот

Опис

Производителите на хемиски средства нудат различни детергенти за миење садови со различен ефект и арома. Садови измиени со синтетички препарати го менуваат вкусот на храната и имаат агресивен ефект врз нашето тело, но како што сме навикнати, речиси и не го забележуваме тоа.

Детергентот за миење садови од серијата Екосфера се создава врз основа на природните детергенти – сапонини кои се содржани во составот на оревот.

Производот ги чисти сите остатоци од нечистотија, храна и маснотии.

Ги неутрализира бактериите и непријатните мириси, целосно ги измива садовите и не остава траги.

Вашите раце и нокти остануваат здрави и убави дури и по продолжен контакт со вода.

Сапунските ореви се плодови од дрво од видот Сапиндус, кои растат во тропските и субтропичните области. Всушност, тоа не е орев, туку плод чија кора се зацврстува со текот на времето. Сапонините формираат многу помалку пена од другите препарати, но од друга страна ги мијат садовите за да светат. Со средството можете дури  да миете зеленчук и овошје, бидејќи истот ги убива бактериите, благодарение на антибактериските својства на сапонините.

Средството е екстремно економично. Но, највредната предност што ја добивате од него е зачувување на здравјето и екосистемот.

Активни состојки:

Сапонинов екстракт кој е извор на природни пени.

Кокоглукоза – благ детергент од растително потекло со 100% биоразградливост. Произведен со ферментација на шеќер, пченка, кокосово масло.

Лимонов путер и лимонска киселина кои се природни ароми и конзерванси.

Еукалиптусот е иновативен “зелен” конзерванс кој се користи во еколошките препарати, но нема парабени. Тој е овластен да се користи во препаратите за орална нега.