Секоја дама сонува за долга, убава и истовремено здрава коса. Но, честопати неразумното користење на разни препарати за стајлинг и боење на косата, како и нечистотиите од надворешни фактори влијаат негативно и ја слабеат структурата на влакното.
Опис

Камелија маската за коса е создадена со внимание за оштетена, ослабена и долго третирана коса. Продира длабоко во влакното и скалпот, а поради високата концентрација на активни супстанции, успева да влијае дури и на многу оштетена коса и тенки влакна.
Без разлика дали имате проблем со растот, првут или расцветани врвови, маската за коса “Камелија” е вашиот најдобар сојузник. Добивате мазна, мека и здрава структура на косата.
Активни состојки:
Камелија масло – одлично за сува коса. Хидрира и обезбедува сигурна заштита на косата.
Маслото е богато со витамини А, Б и Е, незаситени масти, колаген и антиоксиданси. Содржи уште олеинска киселина (омега-9), омега-6. Совршено за борба против првутот, го обновува сјајот, зајакнува и го спречува расцветувањето на врвовите на косата.
Начин на употреба:
Нанесете рамномерно на чиста и влажна коса. По 6-7 минути, исплакнете темелно со вода. Се препорачува еднаш неделно да се користи за здрава коса. Ако вашата коса е оштетена или многу сува, користете два пати неделно.
Со цел да се зголеми ефектот, се препорачува да се користи во комбинација со шампонот за коса Kamelia.